All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

“Црвено-жолтите” се спремни за бој, Адеми и Алиоски не тренираа во Варшава! (ФОТО)

Откако пристигна во Полска, македонската фудбалска репрезентација го одржа и првиот тренинг. “Црвено – жолтите” не беа во комплетен состав поради повредата на Аријан Адеми, кој на вчерашниот натпревар против Словенија (2-1) мораше предвреме да излезе од игра.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, ги поштеди фудбалерите кои ги одиграа сите 90 минути на дуелот против Словенија, но воедно добија полесни тренинзи. Исто така на овој тренинг целосно поштеден беше и Алиоски.

Веќе утре, со почеток од 11:00 часот, Македонија ќе го има и првиот официјалниот тренинг, кој што ќе послужи за тактичка подготовка за она што следува в недела и дуелот против фаворитот во групата, селекцијата на Полска.

Натпреварот е закажан со почеток во 20:45 часот.

ВРВОТ