Фудбал

Винченцо Монтела доби отказ од Фиорентина

montela

Фудбалскиот клуб Фиорентина остана без главен тренер, бидејќи утрово му врачи отказ на Винченцо Монтела. Стратегот го заврши и својот втор мандат во оваа екипа, а капката која ја прели чашата беше вчерашниот пораз од Рома (4-1).

Неговата екипа се мачи од почетокот на сезоната, но и катастрофално ја заврши минатата, откако Монтела го презеде тимот. Официјална потврда стигна од самиот клуб на Твитер профилот.

Екс италијанскиот репрезентативец во својата кариера беше тренер на повеќе екипи во Италија, меѓу кои: КатанијаСампдоријаМилан, на стартот беше заменик тренер во Рома и во два наврати Фиорентина. Единствен интернационален ангажман му беше периодот кога ја водеше Севиља.

Фиорентина во соопштението наведе дека во наредните денови ќе го одреди наследникот на Монтела. Како негови замени се наведуваат главно италијански тренери. Според најавите, челниците сонуваат за Лучиано Спалети, но многу пореални опции се Јакини и Ди Биаџо.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ