Македонија

Костадин Керпичоски: Нова трета светска (верска) војна!

Денес на сите и повеќе од јасно ни е дека со почетокот на мигрантската криза започнува новата трета светска војна која е од верски побуди од верски карактер. Без разлика дали мигрантската криза е намерно или ненамерно(што се сомневам) направена и створена европа и светот ќе страда и ќе пати и ќе сноси последици од истата!

Денес работите се јасни како јасен сончев ден, сите ја знаеме вистината за терористите, вистината за мигрантите па сега е време да проазговараме и да дознаеме што ќе се случува во иднина. Како вовед би кажал дека на секој еден чесен мигрант кој се бори за подобро утре и светла иднина на себе и на своето семејство се шлепаат по тројца до четворица терористи. Тоа е најдобро и им одговара за се инфлитрираат во целиот свет.

Од тука доаѓа опаснасто и тероризмот завзема се поголем замав, станува светска закана. Со тој порок број еден на денешницава и во ова време јасно е дека се создаваат предуслови за нова светска војна. Терористите не бираат места, не бираат време а и не знаете и невозможно е да ги препознаете! Од тероризмот страхува целиот свет. Дали утре Македонија или било која држава ќе биде Франција или Скопје ќе биде Париз тоа никој не знае! На нас е да молиме бога и да веруваме во добро организираната полиција кај нас иако тоа во моментов е невозможно но за тоа во некоја наредна моја колумна нареден мој текст.

Сега да не бидам јас тој кој што туку ќе создава тензии и ќе има некакви претензии дали политички или верски но чесно е да се каже дека терористите водат борба за нивната вера, за ширење на исламот и веруваат дека со самоуништувањето и уништувањето на другите прават жртва на нивниот бог-страшно! Како Франција, како Македонија и како и сите останати држави многу нормално е да реагирате на терористичките напади и да се превземе се за заштите од иститите, па зарем тоа не е војна?! Останува прашањето дали секој сам против секој или сите заедно здружени против тероризмот ако е тоа возможно бидеќи од последните добиени информации знаеме дека мн од државите го финансираат исис и терористичката група.

Верувајте дека не само тоа што згаснуваат невини животи, не само економски и политички него тероризмот влиае диретно на целиот свет. Земете пример, во Франција во Париз народот живее и ќе живее во страв и паника наредните десет години. Сите кои сака да отидат како туристи еве за дочек на новата година ги откажаа своите аранжмани. Се прашувате што значи тоа?! Тоа значи дека тероризмат влиае и на екомијата на било која држава во светот! Ако зборуваме од политичка гледна точка јас нема да ширам шпекулации и да велам овој или оној е крив но знам дека тероризмот постои и знам дека не сите се вклученици вистински во борбата против него!

Иако се ова доаѓа од големите светски сили секако дека влиае и на европа. Мое предвидување е дека максимум за десет години Европа ќе доживее распад со нови внатрешни граници прегрупирање и веќе нема да биде таа некогашна силна организација што е и цел на некого а дали нас ни одговара тоа или не ќе си покаже времето! Сега главното прашање е дали ќе имаат последици и големите веле сили како САД Русија и Кина на пример?! Јас јасно и гласно велам да и ќе ви кажам зосто е тоа мое мислење. Најпрво знам дека Русија како држава е силна и моќна, рускуот народ се бори и ќе се бори и кога има и кога нема да јаде леб па од тука доаѓа нивната неунлиштивост но ќе кажам дека процесот на путинизација во Макеоднија не ми се допаѓа многу иако секако треба да се има пријателски настроени земји.

Кина ја превзема водечката сила во однос на економијата и станува многу моѓна како држава а со тоа прави штета на САД. Од оваа кратка анализа може да препознаете дека и овие најголеми светски веле сили ќе преживеат последици а кој ќе преживее кој не останува да видиме! Како и да е јас секој ден постојано живеам во страв и паника дека еден ден ќе крајот на светот нешто за што мн од видовитите луѓе зборувале, дека ќе дојде третата светска војна која е предвидена и од баба Ванѓа.

Што ке биде останува да видиме и времето да го одработи своето во меѓу време ние треба жестоко да одговориме на секој предизвик за тероризам и да застанаме цврсто во борбата против тероризмот! Ве повикувам сите да се вклучите во оваа кампања за борба против тероризмот! ТЕРОРИЗМОТ е најголемиот порок на 21 век! ВЕ УВЕРУВАМ! 

** Ставовите искажани во статијата Костадин Керпичоски: Нова трета светска (верска) војна! се лични ставови на авторите и редакцијата на Barkod.mk не сноси одговорност за изнесеното во нив.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ