Македонија

Колумнистот Костадин Керпичоски руши рекорди (ФОТО)

Костадин Керпичоски руши рекорди, неговата колумна е споделена 1 600 пати за само два дена!

Баркод.мк: Какво е чувството да се руши рекорд, да се биде читан(успешен) ?!

Ќе излажам ако речам дека не се чувствувам прекрасно, исполнето НО на мене е и големата одговорност бидеќи учествувам во креирањето на јавното мислење и подигање на свеста на луѓето. Од тука одговорноста е огромна, се што се објавува во јавност треба да биде добро смислено и вистинито-нели одговараме пред правните норми и тие важат за секого исто!

Баркод.мк: Зошто во секоја колумна имате тема ПОЛИТИКА ?!

Тоа е мојот живот, пораснат сум во семејство кое има свое верување и убедување или со други зборови од мали нозе сум во комитет, таму поручував, ручав и вечерав! Се во животот е политика, верувајте!

Баркод.мк: Што мислите за актуелната политичка состојба во нашата држава ?!

Мислам дека сме пред крајот на вештачки креираната политичка криза во државава, мислам дека 24-ти Април е денот кога ќе згасне ова лудило кое во моментов владее и сите мирно ќе спиеме.

Баркод.мк: А каково е вашето мислење за надворешната политика на Македонија ?!

Па мислам дека луѓето кои ја водат државата имаат авторитет и се добри амбасадори на Македонија се до овој момент, она што ми пречи е наклонетоста кон едната или другата страа т.е процесот на путинизација или пак наклонетост кон САД. Иако знам дека големите сили мешаат прсти секаде па и кај нас јас сепак сакам да го воздигнувам нашето она МАКЕДОНСКОТО!

Баркод.мк: Колку текстови имате до сега и која е вашата наредна тема ?!

Па околу 70 објавени и некои кои си ги чувам за себе поради контраверзноста и стравот дека ќе бидам погрешно сфатен. Хмм, наредна тема па да бидам искрен и јас незнам тоа е момент на инспирација следеќи дневно политички случувања.

Баркод.мк: Дали со ова стекавте популарност ?!

Популарноста е релативна работа, лесно е да се биде популарен во град со 80 000 жители или во држава со 2 милиони луѓе, не ми е целта да сум славен и популарен, мојата цел е вистината да стигне до секој еден во оваа држава а пишувањето ми дава слобода на изразување и уживање.

Баркод.мк: За крај, каде се гледате во иднина ?!

Сигурен сум дека ќе успеам и дека има светла иднина за мене, сигурен сум бидеќи никогаш не се откажувам а оној што се откажал веќе изгубил пред време! Не работам за работно место или пак за некоја си функција, слава и популарност. Сакам да имам обична работа на која ќе сум посветен и ќе успеам сам да заработам па да можам и семејство да оформам и да бидам свој човек како што рекле постарите.

 

** Ставовите искажани во статијата Колумнистот Костадин Керпичоски руши рекорди (ФОТО) се лични ставови на авторите и редакцијата на Barkod.mk не сноси одговорност за изнесеното во нив.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ