Македонија

Интервју за Баркод.мк со колумнистот Костадин Керпичоски

Во Баркод.мк ексклузивно со Костадин Керпичоски, колумнист и дипломиран економист отсек – Бизнис Администрација.

Баркод.мк: Кој е Костадин Керпичоски ?

Костадин Керпичоски е роден на 15 Март 1991 год. во Прилеп. Своето основно образование го завршил во својот роден град. Од својата 17 година активно зема учество во креирањето на политиката на младите како член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Во 2013 год. дипломира на Евро Колеџот во Куманово на отсекот Економист по Бизнис Администрација со просек 8,18.

Баркод.мк: Вашата политичка припадност е јасна, зошто се определивте за таа политичка опција ?

Пораснав во комитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Следеќи ги стапките на моите родители, на моите најблиски роднини и пријатели и јас продолжив по истиот пат.Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка опција е најдобрата во моментов на политичката сцена во Република Македонија, тоа е партија која што работи по план и програма и покажува дела а не зборови.

Баркод.мк: Вие веќе долго време пишувате колумни и свои анализи, која е вашата цел и од каде црпите идеи ?

Започнав сосема случајно да пишувам со напишан текст на мојот фб профил. Тогаш се пробив на еден локален портал за да како поминува времето да бидам дел од големите национални портали речиси секоја недела и во оваа прилика им се заблагодарувам на истите.
Мотивација имам секогаш, идеите ги црпам од актуелните случуања во нашата држава а и во светот а мојата цел е јасно и гласно да му биде на секој еден што точно се случува во нашата држава во поглед на политичката состојба.

 

Баркод.мк: Знаеме доаѓаат предвремени парламентарни избори, ваша прогноза ?

Сигурен сум дека и овој пат како и во измнатите 10 години ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните. Веќе нема човек, нема дете на кого не му е јасно што се случува во Македонија и која политичка опција е добра за нас граѓаните а и богами која политичка опција е против тероризмот а која за…!

Баркод.мк: Како ги коментирате терористичките напади во светот и вашето мислење за мигрантската криза ?

Мигрантската криза го најави почетокот на третата светска(верска)војна и тоа мене ми беше јасно од првиот ден а и го спомнувам доста често во моите колумни.Не ги поистоветувам сите мигранти со терористите но сигурен сум дека на секој еден чесен мигрант кој се бори за подобро утре за себе и своето семејство се шлепаат по тројца и повеќе терористи. Најстрого ги осудувам терористичките напади, Париз може да биде секој град, Франција може да биде секоја држава!Сакам да почнеме со кампања и активно да се вклучиме во борбата против тероризмот!

 

Баркод.мк: Малку надвор од политика, вашето хоби и вашите интереси ?

Добро е да се зборува малку за живот, малку мозокот да одмори од политика иако поради случувањата политиката е најактуелна тема во нашата држава.10 години бев активен спортист(атлетичар) денес исто така се занимавам рекреативно со спорт и спортски активности.
Сакам брзи автомобили, сакам се што е ново од страна на техника и технологија.

Баркод.мк: Каде се гледате себеси во иднина ?

Дефинитивно мојата иднина е тука во Македонија, сакам чесно да зараборувам за себе и за моето идно семејство, сакам да дадам придонест во развитокот на Прилеп мојот роден град а и на Македонија.Во политиката сигурно на истото место бидеќи не преферирам политички функции и големи позиции-тоа не е за мене.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ