Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОРОЛОГ ОД СТРУГА СЛАВЧО ПОПОСКИ

славчо попоски

Како што и самиот за себе вели, Славчо Попоски е млад и амбициозен стружанец на кого голема пасија му е метеорологијата. Славчо моментално студира и работи на тоа во блиска иднина да стане дипломиран метеоролог.

Баркод.мк: Како за почеток открите нешто за повеќе за Вас. Кој е Славчо Попоски ?

Јас сум Славчо Попоски од Струга (чист стружанец) без никакво потекло од некое село. Од секогаш сум ја закал метеорологијата и најпрвин како хоби најпрвин започнав да ја работа пред околу 15тина години кога започнав со анализирања на времето, правење прогнози и проучување на климата.

Баркод.мк:  Бележите голем успех. Од кога е и на што се должи ?

Мојот огромен успеx се должи на мојата напорна и успешна работа, се започна на 6ти авгусст 2016 година кога ги предвидов и предупредив на граѓните за страшното невреме кое го зафати Скопскиот регион.

Од тогаш па наваму очите на цела Македонија па дури и пошироко се свртени кон мене и граѓаните премногу ми веруваат, исто така и други голем број невремиња имам предвидено во Македонија, две во Грција и едно во Албанија. Исто така имам и огромен број и на други успешни прогнози.

Баркод.мк:  Кои се твоите планови за во иднина ?

Моиете планови за во иднина се да станам дипломиран метеоролог и токму на ова денес работам многу напорно и учам.

Баркод.мк: Кои се следните планови со meteomax и како си до сега задоволен ?

Што се однесува до Метеомакс, поради некои проблеми во иднина планирам да го средам се одново додека што се однесува околу тоа дали сум задоволен или не ќе го кажам следново: ПРЕЗАДОВОЛЕН со еден збор.

Баркод.мк:  Ваша прогноза. Што ја очекува Македонија во периодот што следи ?

Во текот на следните денови поточно некаде до петок времето ќе биде сончево и многу топло време со високи летни температури на воздухот, најтопол ден ќе биде петок кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваатво интервалот од 30 до 37 степени. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност додека во попладневните часови локално ќе има услови за особено изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и услови за ретка појава на град.

Поголеми услови за нестабилност ќе има за време на викендот кој доаѓа кога ќе започне да дува и северен ветер кој ќе услови пад на температурите и освежување на времето.

Баркод.мк:  Подолготрајна прогноза. Какво време не очекува во Јули и Август ?

Јули и Август 2018 според подолгорочните и моментални анализи треба да бидат со почести нестабилности кој би условиле врнежи, грмежи како и локално невреме и под просечни температури на воздухот што значи почести продори од север. Сепак и покрај ова може да очекуваме и денови со повеќе соце и топлина но барем засега некој изразен Африкански бран со температури до па и над 40 степени нема.

Баркод.мк:  Дали е можно повторно да се врати циклонот Силвија ?

Што се однесува пак до циклонот Силвија која услови големо невреме ширум регионот и кај нас па дури и снег и екстремно ниски температури на воздухот на високите места и планините секако дека би можело да се случи повторно нешто такво со оглед на тоа дека и во текот на следните месеци очекуваме почести врнежи како и под просечни температури на воздухот.

Сепак сето ова е НЕОФИЦИЈАЛНО поради тоа што се работи за долгорочна прогноза а што подолгорочна е прогнозата толку е и несигурна па затоа препорачувам вашите читатели редовно да ги следат нашите прогнози и навремено ќе бидат информирани за секоја новонастаната временска состојба.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ