Фудбал

Путин телефонски разговарал со селекторот пред и по дуелот со Шпанија

Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин на рускиот национален тим ја честиташе победата над Шпанија во натпреварот од осминафиналето Светското првенство (1:1, 4:3 на пенали).

Шефот на државата го следеше натпреварот и два пати го повика главниот тренер Станислав Черчесов.

– Пред почетокот на натпреварот, претседател се јави на тренерот, и му посака успех во претстојниот натпревар, а исто така, истакна дека под раководство на Черчесов нашите момци направија невозможно – ја поминаа групата. Тоа им дава можност да играат слободно во полна сила, покажувајќи ги сите нивни таленти, го цитира Интерфакс Дмитиј Песков, портпарол на претседателот.

Веднаш по завршувањето на натпреварот, Путин повторно го побарал селекторот и му честитал нему и на целиот тим за импресивна победа, потенцирајќи дека неговата тактика даде резултат.

Русија во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот Хрватска – Данска.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ