All for Joomla All for Webmasters
Македонија

НЕ ДАДОВ ПОДДРШКА ЗА НИТУ ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Тогаш моите соработници најмногу ми замерија

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за Инфомакс истакна дека најголем број од неговите соработници му замериле при изборот на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, поради фактот што голем дел од нив се гледале на таа функција откога тој ја дал оставката. Голем дел ја посакале таа функција, но тој во никој случај не сакал да се вмеша и да поддржи било кој од нив. Груевски забележува дека кога сте неутрален на крајот сите ви се лути.

– Најмногу ми замерија кога беше изборот за претседател. Многу луѓе се гледаа на таа функција од кога јас поднесов оставка. И многу луѓе ја посакуваа таа функција, некој луѓе пак посакуваа потпретседатели да се ама ако биде тој потпретседател тој ќе биде претседател, си имаа некои, групи си направија. Јас одлучив да не се вклучам и да не дадам поддршка на никого. Многу луѓе не веруваа во тоа во тој период. Има луѓе кои што и денеска не веруваат дека никого не сум му дал поддршка ама тоа беше моја одлука. Сите што испливаа во јавноста како кандидати, ми беа и подеднакво блиски, но и по малку од сите разочаран. И некако одлучив да не превземам таква одговорност, да не застанам зад некого како што да речеме Ѓорѓиевски застана кога јас бев предложен за претседател. Јас одлучив да постапам поинаку и доста луѓе се налутија поради тоа. Некои од нив очекуваа поддршка, некои од нив очекуваа дека тајно ја давам поддршката за друг. Така што некако, кога сте неутрален на крајот сите ви се лути.

Говорејќи за другата група на соработници кои се лути на него,  Груевски ги категоризираше како ,,Генерали после војна’‘ луѓе коисвоевремено кога било потребно не го кажале својот став и се согласувале со сите негови одлуки, за сега отворено, јавно и без доза на самокритика да го критикуваат, држат лекции, озборуваат.

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Posted by infomax.mk on Sunday, February 10, 2019

Дел од неговите соработниците забележува Груевски сега јавно го критикуваат за да добијат плус кај како што вели марионетската власт, надевајќи се дека ќе биде намален политичкиот пpoгонот кон нив, но вели дека тој не им се лути бидејќи секој човек различно реагира на притисокот кој го вршат врз него, истакнувајчи дека тој не потпаѓа под притисок.

ИЗВОР: iNFOMAX.mk

ВРВОТ