All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Јанкуловска му врати на Груевски: Лесно е да солиш памет оддалечен 800 километри од Македонија

Откако на својот Фејсбук профил се обрати Никола Груевски околу уставните промени, набрзо стаса реакција и од поранешната министерка за внатрешни работи, токму во времето кога Груевски беше премиер.

Ретко кој можеше да очекува, но Јанкуловска упати остри критики кон Груевски, кој во Унгарија доби политички азил.

-Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото.

Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при…

Posted by Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska on Thursday, January 10, 2019

 

ВРВОТ