Македонија ќе биде дел од предквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио откако Норвешка загуби од Германија со 34:33 во воведното полуфинале на Европското првенство во Полска. Германците се пласираа во големото финале а со тоа ни направија голема услуга во битката за сонот за Рио.