Македонија

Експлозија на плинска боца во станбена зграда во Прилеп

Вечерва од силна експлозија која е предизвикала плинска боца во станбена зграда во населбата Бончеица на улица “Бидимаш” повредени се шестмина меѓу кои и пожарникар кои итно се хоспитализирани во прилепската болница.

Според неофицијални информации најверојатно поради невнимание на еден од станарите се запалила боца полна со плин. Во паника истата ја извал во ходникот од зградата по што таа експлодирала.На местото на несреќата веднаш пристигнале екипите на професионалната противпожарна едниница и итната медицинска помош. 

Превентивно екипите од противпожарната единица се сеуште во станбениот комплекс Бончејца. 

ВРВОТ