All for Joomla All for Webmasters
Љубов и секс

Тишината најдобар пријател

И незнам веќе која ноќ по ред е,седам сама со мислите,затворена во соба .Тишината ми годи, после таа ноќ кога се излезе на виделина секоја тишина ми годи.Седам гледам во мојот мобилен постојано слушам некои песни кои ме потсеќаат на него и на времето поминато со него и само размислувам.

Размислувам за тоа каде јас погрешив,што е тоа што мене ме прави виновна за се.Дали можеби што бев премногу добра ,дали затоа што верував во многумина,или незнам можеби затоа што премногу сакав.Сакав безценето, сакав без услови, сакав од инает, но сакав како и да беше јас сепак сакав.

Размислував за тоа што нас не доведе до оваа ситуација ,што ли беше воопшто тоа можеби еден среќен миг кој ја приреди нашата иднина или пак инает, размислував и за годините кои поминаа, за периодите кои беа исполнети со разни случки,преплети.Размислувајќи така како да слушнав некој глас да ми вели „Знаеш и самата каде погреши нели?Зошто постојано мислиш на тоа драга,зарем никогаш нема да сватиш?“

Повторно се прашував што се случува со мене и после толку години.Но секој спомен боли од тоа ќе да е.Боли секоја средба која ја имавме со љубов и топлина се сеќаваш ? Сега глумиме рамнодушност до бескрај но длабоко во себе знаеме дека не е сеедно тебе ти фали онаа мала девојка која правеше се за тебе,а мене ми фали оној кој постојано уживаше кога ме нервира.

Сега и двајцата ги криеме своите чуства но вистинската љубов не стивнува, и покрај толку пречки ние не се откажавме сеште има некое жарче надеж кое трепка во нашите срца и покрај се.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ