Македонија

Бебе загина во сообраќајка на патот Демир Капија – Удово, 7-мина тешко повредени

Осуммесечно бебе почина а уште седуммина патници се здобија со тешки  повреди во тешката сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот и 20 минути се случи на патот Демир Капија – Удово, во месноста викана Арсова лака.


„Несреќата се случила во моментот кога возилата се разминувале и во оваа сообраќајна несреќа починато е осуммесечно бебе кое не успеало да биде транспортирано на пат кон болницата во Велес. Инаку во двете возила имало вкупно осум патници од кои три биле во форд фиеста а пет биле во шкодата“ рече министерката за внатрешни Јанкуловска.

Сите патници во двата автомобили се државјани на соседна Србија. Осуммесечното бебе, најмалиот патник кое не го издржа транспортот до велешката болница и почина по пат, патувало во возилото марка Шкода фабија. Неговите мајка и чичкото се најтешко повредени додека со тешки телесни повреди кои не се витално загрозувачи се здобија и таткото на бебето како и уште едно дете на девет години. Двајца повредени има и во возилото Форд Фиеста.

„Значи тежината на повредите кај сите пациенти бараше повисоко ниво на болничко згрижување. Затоа сите се пренесени во Скопје во ургентен центар. А двајца пациенти од нив се во животно загрозувачка состојба значи со тешки повреди и во животна опасност“ изјави д-р Силвана Мишкова портпарол на Велешката градска болница.Лекарите во гевгелиската болница помош и пружиле и на една девојка која патувала во возилото Форд фиеста. И таа е транспортирана во Ургентниот центар во Скопје.

Денешната сообраќајка се случи на многу фрекфентен и ризичен дел од патот Демир Капија – Удово. Несреќата беше причина за неколкучасовен застој на сообраќајот. На овој дел од патот секое лето се случуваат несреќи.  Причините  за денешната ќе се утврдува од увидот што го направија јавен обвинител од Кавадарци и полициска екипа од Неготино.

ИЗВОР: КАНАЛ 5

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ