Седумкратниот европски шампион и еден од најголемите клубови во Европа стана предмет за потсмевање, откако уште еднаш беѓе понижен, овој пат од Манчестер Сити со 5:1.
Минатата сезона беше најлошата во историјата на Милан и ако по утрото денот се познава и оваа нема да биде ништо подобра, бидејќи „росонерите“ освен тренерот не променија практично ништо. Пред три дена беа понижени од Олимпијакос со 3:0, а синоќа демолирани од Манчестер Сити со 5:1, на пријателскиот натпревар кој се одигра во САД.
Уште на самиот старт „граѓаните“ ја покажаа целата своја надмоќ и само по 26 минути игра водеа со 4:0 со головите на Јоветиќ, Синклер, Навас и Иханачо. Потоа Англичаните ја спуштија топката, па до крајот на полувремето Мунтари успеа да намали, а конечните 5:1 ги постави Јоветиќ во второто полувреме.