Фудбал

Лионел Меси кариерата ја продолжува во Манчестер Сити

Лионел Меси

Ситуацијата во Барселона се искомплицира по што Лионел Меси се огласи на Инстаграм и го критикуваше директорот Ерик Абидал, поради неговиот коментар дека фудбалерите не се ангажираат доволно на теренот.

Аргентинецот нема навика по Инстаграм да пишува, но очигледно синоќа мораше да го направи тоа. Тој го критикуваше Абидал и побара да каже јавно кои се тие фудбалери.

Шпанските медиуми почнаа да шпекулираат дека Абидал заминал на разговор кај претседателот на клубот, а сега пристигнаа и луди шпекулации дека Лионел Меси ќе си замине од тимот.

Мундо Депортиво“ можеби претера со нивната шпекулација дека Меси ќе замине од Барселона на крајот на сезоната и тоа целосно бесплатно, а наводно иднината ќе ја продолжи во Манчестер Сити, што звучи навистина неверојатно.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top