Свет

Вооружен напад во видео играчница во Мексико, меѓу деветте мртви има и деца

видео играчница во Мексико

Четворица вооружени лица убиле девет лица во видео играчница во западен Мексико, а меѓу жртвите има три деца на возраст од 12, 13 и 14 години.

Обвинителите во државата Мичоакан наведоа дека во нападот што е изведен доцна синоќа две лица се ранети.Напаѓачите, по сè изгледа, барале специфични цели, но потоа неселективно отвориле оган кон присутните.

Две жртви биле на 17 и 18 годишна возраст.Нападот се случил вчера во градот Уруапан, каде напаѓачи во петокот нападнале општинска полициска патрола при што убиле еден полицаец, а двајца раниле.

Војната меѓу нарко картелите Халиско и Виагра го тресе градот веќе неколку години.

ИЗВОР: МКД.мк

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top