Други спортови

Скандал го тресе уметничкото лизгање: Тренер силувал шампионка

Француското обвинителство отвори истрага против поранешниот тренер по уметничко лизгање Жил Бејер (62) за наводно силување и сексуално напад на малолетнички.

Истрагата е покрената откако поранешната француска шампионка Сара Абитбол објави книга во која тврди дека Бејер ја силувал повеќе пати од 1990 до 1992 година кога била тинејџерка.

-Бев ранлива и ти го искористи тоа. Дури и денес, кога ќе ја напуштам куќата, се плашам. Мразам да одам на места што не ги познавам. Непознатото е нужно синоним за опасност. Не можам да патувам сама, тоа е невозможно, а летањето беше тортура, напиша 10 -кратната француска шампионка, која заедно со Стефан Бернадис освои бронзен медал на Светскиот куп во 2000 година.

Бејер минатата недела призна дека имал „интимни“ и „несоодветни“ односи со Абитбол, по што бил отпуштен од клубот Les Francais Volants, во кој имал една од водечките улоги.

Обвинителот Реми Хејц во изјавата рече дека прелиминарната истрага ќе бара да се идентификуваат и други жртви кои можеби претрпеле слични дела.

Францускиот министер за спорт, Роксана Марачинеану побара оставка од претседателот на француската федерација за уметничко лизгање, Дидиер Гаилхагут, кој раководел со неа во времето на наводните силувања.

L’Equipe објави дека француското Министерство за спорт го раскинало договорот со Бејер во 2001 година, по извештајот за откривање сериозни дела извршени против млади лизгачки. И покрај тоа што беше отпуштен од работа, Бејер ја продолжил работата во Les Francais Volants и беше на лидерско место во неколку мандати во Француската федерација за уметничко лизгање до 2018 година.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top