Екипата на Инзаги го победи Реал Мадрид со резултат од 4:2 на пријателскиот натпревар кој е одигран во Дубаи.
Во првото полувреме двете екипи излегоја во најјаки состави, а екипата на Инзаги почна многу добро во директниот дуел со човекот кој долго време го тренираше Карло Анчелоти. Лошата реакција на одбраната на Реал ја искористи Жереми Менез и лесно го совлада голманот на Реал за 1:0.
Седму минути подоцна Ел Шарави покажа класа, одлично се намести на шут од работ на шеснаесеттикот и “опали” по топката, Навас не можеше ништо – 2:0. Кристијано Роналдо успеа да ја намали предноста при удар со десната нога така што ја искористи лошата поставеност на Диего Лопез.
Во второто полувреме кога тренерите ги заменија скоро сите играчи видовме уште еден гол на Ел Шарави кој зголеми на 3:1, а Пацини на 4:1 во 78 минута. Реал до крајот намали на 4:2 со голот на Бензема од пенал.