Фудбал

Како Инзаги внесе мир во соблекувалната на Милан

Марио Балотели се пресели во Ливерпул, а соблекувалната на Милан после неколку години е конечно мирна и обединета, тоа беше и првиот услов на Пипо Инзаги.


Имено, Пипо побарал од раководството да се отсранат фудбалерите кои внесуваат немор и имаат тежок карактер бидејќи инсистира на тимски дух и заедништво. Балотели не ги расипуваше односите, но со своите испади надвор од теренот влијаеше негативно на атмосферата во клубот. Покрај Балотели, Инзаги се спротиставил на идејата да биде откупен Тарабт.

Овој фудбалер одигра добри 6 месеци во Милан, но има тежок карактер и Пипо смета дека е потенцијална опасност за тимскиот дух. Новите засилувања, Диего Лопез, Торес и Бонавентура, како што пишуваат медиумите се посветени на тимот, лесно се вклопија во тимот и немаат проблематичен карактер, па после подолго време може слободно да се каже дека владее мир и единство во соблекувалната на Милан. Дали тоа ќе влијае на резултатите останува да видиме!

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ