Балкан / Регион

Ципрас итно се враќа од Мостар, во областа Атика прогласена вонредна состојба

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина.

Претходно, Ципрас од Босна и Херцеговина рече дека е во континуиран контакт со надлежните министри кои го известуваат за ситуацијата и изрази надеж дека пожарите ќе се стават под контрола, Тој истакна дека „загрижува фактот што во исто време се појавуваат паралелни жаришта на исток и запад“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Рена Дуру, прогласи вонредна состојба во источниот и западниот дел, односно областите каде што пожарите се уште не се ставени под контрола.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ