Балкан / Регион

ТРИТЕ СЕСТРИ КОИ ГО УБИЈА ТАТКОТО ЗЛОСТОРНИК ИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАТВОР? ЕПИЛОГ НА СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА КРЕНА РУСИЈА НА НОЗЕ

Сестрите Качатуријан од Русија

Сестрите Качатуријан од Русија, кои се обвинети за убиство на нивниот татко, наскоро може да им се намали обвинението на “нужна одбрана”, рекол нивниот адвокат Алексеј Прашин, по што можно е да се стави крај на кривичниот прогон.

Вечерта на 27 јули 2018 година, Михаил Качатуријан ги викнал Кристина, Анџелина и Марија една по едена во својата соба. Тој ги покорил за неправилно чистење на станот, а потоа ги испрскал со солзавец.

Истата ноќ, откако заспал, тинејџерите влегле во неговата соба и го нападнале со нож, чекан и солзавец. Аутопсијата покажала дека тој претрпел фатални повреди на главата, градите и вратот. Тој имал вкупно 30 убодни рани.

Трите сестри веднаш повикале полиција, која ги уапсила на лице место, а истрагата наскоро открила дека нивниот татко ги мачел, ги држел затворени и сексуално ги напаѓал изминатите три години.

Повеќе од 350.000 луѓе потпишаа петиција со која ги повикуваат Русите да бараат правда за сестрите, а тоа доведе до нов закон за борба против семејното насилство, што треба да стапи на сила оваа година.

Активистите тврдат дека сестрите биле жртви, а не криминалци, затоа што немале начин да бараат помош и заштита од нивниот татко. Сестрите Качатуријан од Русија во моментот на убиството имаа 17, 18 и 19 години и им се заканува 20 години затвор.

Паршин рече дека обвинителите сметаат дека убиството е извршено во самоодбрана и дека истражителите мора да го прифатат тоа, што ќе значи дополнителни истраги.

„Се надевам дека после тоа, случајот против девојките ќе биде затворен. Мислам дека ова ќе трае уште еден месец или два“, рече тој за Би-Би-Си.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top