Балкан / Регион

Три сестри го убиле таткото што ги злоупотребувал со години: Рускиот мафијаш го прободиле најмалку 35 пати, а сега се соочуваат со казна до 20 години затвор! Адвокатот тврди дека обвинението е бизарно! (ВИДЕО)

Руските тинејџерки Кристина (19), Анџелина (18) и Марија (17) Качуратијан минатиот јули признаа за убиството на нивниот 57-годишниот татко Михаил, а една година подоцна, случајот продолжува да предизвикува големи контроверзии во Русија.

За потсетување, сестрите го убиле нивниот татко затоа што со години сексуално, физички и ментално ги злоставувал.

Поради контроверзниот закон што значително ја ублажува казната за насилниците во семејството, случајот го подели општеството.

Истрагата на обвинителството беше завршена на почетокот од овој месец, а официјално обвинение против ќерките беше поднесено на 14 јуни.

Во документот, чија скратена верзија беше објавена на Фејсбук страницата на адвокатот на Анџелина, Алекс Паршин, се вели дека девојчињата редовно биле подложени на сексуална злоупотреба и понижување од нивниот татко.

Наводно, на денот на убиството, Михаил Качатуријан повеќе пати ги понижувал своите ќерки, додека во еден момент неговата најстара Кристина испрскала спреј од пипер во лицето, по што изгубила свест.

Фото: YouТube / принтскрин

„Обвинението е, благо речено, чудно. Случајот на обвинителството е полн со претпоставки, измислици и недоследности“, напиша адвокатот Паршин.

Angelina
Анџелина, ФОТО: YouTube / принтскрин

Повеќе на Kurir.rs

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top