Македонија

Лажна тревога за корона вирус во Штип, анализите покажале обичен грип

корона вирус

Лажна тревога за корона вирус во Македонија. Според информации на Сител Штипјанец пред месец дена се вратил од Кина, а во меѓувреме неговата сопруга добила висока температура, еден од симптомите карактеристични  за новиот вирус.

Здравствените власти веднаш се мобилизирале и почнале да испитуваат за што точно се работи, но лабораториските анализи покажале дека жената имала грип, а не корона вирус и сега нејзината здравствена состојба е стабилна.

Случајот го потврди и министерот Филипче. Иако коронавирусот е распространет во повеќе земји, засега нема информации македонски државјани да биле во контакт со заболен или сомнителен случај.

По прогласувањето на коронавирусот за глобална здравствена закана, а најголема опасност има кај земјите со послаб здравствен систем, Филипче уверува дека земјава е подготвена да се справи со предизвикот.

Од понеделник на дневна основа ќе ја информираат јавноста за се што преземаат и дали има најава за доаѓање на граѓани кои биле во подрачја каде има заболени.

– Земјата и здравствените интситуции имаат капацитет да се справат со брза детекција и да се спречи ширењето на вирусот,изјави д-р Жихан Тавила, претставник на СЗО во земјава.

Досега од корона вирусот починаа над 200 лица, а повеќе од 10.000 се заразени. Покрај во Кина, 140 заболени има во други држави меѓу кои Италија, Британија, Русија. Во меѓувреме излекувани се повеќе од 130 пациенти.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ