Свет

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Почина 14-годишно момче- ова е состојбата во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 684,641 лице заразено со новиот коронавирус. Од нив починати се 32,180, а оздравеле 146,400 лица.

Пандемијата на коронавирус уби најмалку 3200 луѓе во светот од декември, кога изби во Кина, од кои дури две третини се во Европа, покажуваат денешните податоци на „Ворлдметерс“. Од избувнувањето, повеќе од 660,000 луѓе се официјално дијагностицирани во 183 земји и територии. Од нив, до несека се излекувани најмалку 142,000 лица. Бројот на дијагностицирани не ја отсликува реалноста во целост, бидејќи голем број на земји тестираат само случаи примени во болница.

– На Филипини експлодираше авион, кој превезувал пациенти и медицинска опрема.

– Се самоуби министерот за финансии на Хесен, Томас Шафер, а премиерот на таа сојузна германска држава претпоставува дека причина се финансиските потешкотии предизвикани од коронавирусот.

– Во Србија 82 новозаразени лица, и сега има вкупно 741. Од вчера починаа уште три лица и сега смртниот биланс во таа земја изнесува 13.

– Во Португалија од Ковид-19 почина 14-годишно момче.

– Водечкиот светски произведувач на заштитни ракавици, малезиската компанија Топ глав, предупреди денеска дека може да дојде до недостиг на заштитни ракавици поради екплозијата на побарувачка од Европа и САД. Таа фирма произведе речиси петтина од заштитните ракавици кои во моментов се користат во светот, а денеска предупреди дека побарувачката ги надминува нивните капацитети. Поради тоа, компанијата ги продолжи роковите на испорака,, соопшти извршниот претседател на Управниот одбор Лим Ви Чаи.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ