Балкан / Регион

Трагедија: Тијана Јуриќ е убиена од месар од Сурчин, телото пронајдено во близина на Сoмбор

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ на прес-конференција потврди дека полицијата го уапсила 34-годишниот Драган Ѓуриќ од белградското предградие Сурчин за кој се сомнева дека е убиецот на 15-годишната Тијана Јуриќ од Суботица.


Според Стефановиќ, убиецот прво намерно го удрил девојчето со автомобил, а потоа го задавил.

„Нашите надежи дека ќе ја пронајдеме Тијана Јуриќ жива, за жал не се остварија, полицијата вчера го уапси монструмот кој го извршил ова кривично дело“ изјави за медиумите српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

На прес-конференцијата додаде дека „монструмот Ѓуриќ е приведен, го призна злосторството и полицијата ја одведе до местото на кое што ја закопал жртвата, десетици километри од Суботица“. „Кога го пронајдовме, тој сосема нормално сечеше месо, значи имаме целосно отсуство на каење“, изјави министерот и додаде дека Ѓуриќ веднаш е испратен на полиграфско тестирање при што „паднал на сите прашања“.

Според Стефановиќ, осомничениот девојчето го удрил со автомобил, а потоа почнал да ја удира и да ја дави. Кога ја убил, ја соблекол и ја ставил во багажникот, па ја закопал на ѓубриште и ја прекрил со земја која што ја имал во багажникот од возилото.

„Моја лична оцена, лично чувство, е дека ми е жал, поради вакво кривично дело, поради ваков монструм, што Србија ја укина смртната казна. Можеби нашето општество не беше подготвено за сите придобивки на ЕУ, како што е укинувањето на смртната казна“, изјави Стефановиќ.

На овој случај биле ангажирани повеќе од стотина припадници на српското министерство за внатрешни работи од Суботица, Белград и други места.

ИЗВОР: КАЈГАНА и ТВБЕСТ.рс

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ