Свет

Кипарските војници со заканувачки пораки до Македонија, Турција и Албанија

Станува збор за специјалните единици на војската на Кипар , пешадија позната како ЛОК, а најголем дел од упатените пораки одат на сметка на Турција, но не изостанува ни нашата земја.

-Кипар е грчки и Македонија, Кипар е грчки да се е** Турција. Локаѕис, локаѕис (назив на единицата) на планина, без храна, без вода, само крв. А каква крв? Турска. Скопска. Албанска. Крв да е, па каква и да е, извикуваа кипарските војници.

Видеото веројатно снимено кон средината на јули, најпрво било објавено од кипарски блог, подоцна од фан страница на фејсбук, а до медиумите во Грција пристигна преку реакцијата на пратеник од СИРИЗА.

„Видео со екстремни, расистички и навредливи слогани од специјалците. Потребна е итна реакција и мерки од владата и лично од министерот за одбрана.“ – напиша  на социјалните мрежи Димитрис Пападимулис од СИРИЗА, споделувајќи го видеото со кипарските војници.

Грчката нуркачка единица на парадата во Атина пред 4 години, преку слогани ги навреди македонците и албанците, но и доби казна од грчкиот суд, по тужбата покрената од хелсиншкиот комитет.

ИЗВОР: КАНАЛ 5

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ