Балкан / Регион

ГО ИЗНЕЛ ОД КАФИЧОТ И МУ ПУКАЛ ВО ГЛАВАТА

Страхиња Џанковиќ

Вишиот суд во Белград го прогласи Страхиња Џанковиќ за виновен за убиството на Петар Арсиќ, навивач на ФК Рад, пред кафулето 3К во Видиковац пред две години. За стореното дело, тој првично беше осуден на 13 години затвор.

Судот ги ослободи вината за Љубомир Лаиновиќ и Милош Миладиновиќ дека му помогнале на Н.Н. за убиството а на Миладиновиќ за нанесување на полесни повреди. На нив двајцата му се судеше во отсуство.

На Џанковиќ му беше продолжен притворот сè додека пресудата не стана конечна, додека Лаиновиќ и Миладиновиќ му се укина притворот и се даде наредба да се повлечат потерниците.

Како што изјави судијата, Џанковиќ во пресметлива состојба го повикал Арсиќ да излезе од кафеаната и испукал проектил во десниот агол на главата, куршумот поминал низ вратот. Арсиќ остана мртов на местото на настанот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ