Фудбал

Фудбалерите на Барселона по пристигнување во Италија завршија на тест за коронавирус

Лео Меси

Денеска пристигнаа фудбалерите на Барселона во Италија, каде што ќе го играат мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони во вторник.

Како што објави „ЕСПН“, тимот се соочил со тестирање по самото пристигнување во Италија бидејќи била забележана епидемија на коронавирус на северот на Земјата.

Досега неколку луѓе го загубија животот, а повеќе од 80 се заразени со вирусот.

Во Неапол засега не е забележан ниту еден случај на коронавирус, но и покрај тоа фудбалерите и стручниот штаб ќе мора да поминат низ тестови.

Италијанскиот сојуз одложи четири меча во Серија А во текот на викендот, а следниот ќе се игра без публика на трибините.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ