Балкан / Регион

Прв случај на коронавирус во Романија

коронавирус

Во Романија е потврден првиот случај на коронавирус кај едно лице кое пред три недели се вратило од Италија, објави денеска локалната телевизија Реалитатеа плус, јави БГНЕС.

Телевизијата, повикувајќи се на медицински извори, објави дека заразеното лице се наоѓа во карантин во болницата за инфективни болести „Матеј Балс” во Букурешт.

Раководството на болницата засега не ја коментирало информацијата.

Од коронавирус досега починале повеќе од 2.600 луѓе, главно во Кина, од каде вирусот се прошири во 29 држави. Бројот на потврдени зарзени лица надмина 80.000.

Најтешка ситуација на европска територија е во Италија, каде досега починаа десет лица, а повеќе од 320 се зарзени.

Во Италија живеат и работат околу 1,3 милиони Романци.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top