Фудбал

Четвртиот судија е ВАР систем во Македонија – досуден пенал во 100. минута

По сугестија на Марјан Маркоски, кој беше прв судија, па се повреди беше досуден удар од белата точка во 100. минута, а Дејан Блажевски погоди за победа на Македонија Ѓ.П против Академија Пандев.

Бојан Најденов е трагичар на мини-дербито во Ѓорче Петров, отако играше со рака во седмата минута од судиското продолжение, а четвртиот судија реагираше малку и со задоцнување и беше досуден пенал за Македонија против Академија Пандев.

Македонија Ѓорче Петров успеа да ја искористи предноста на домашен терен и од играч повеќе што ја имаше половина час.

И двете екипи имаа шанси, пред да биде постигнат единствениот гол, а и на двете страни се тресеше рамката од голот по ударите на Китановски и Стојковски.

Гостите од Струмица беа храбри, не се бранеа, иако од 66. минута играа со 10 фудбалери по исклучувањето на Стефан Костов, но несмасниот потег на Најденов ги чинеше бод.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ