All for Joomla All for Webmasters
Технологија

Вашата приватност е загрозена – реагирајте веднаш !!

Сигурно ја имате оваа програма која сериозно и се заканува на вашатаприватност. Adobe Flash, програмата која е инсталирана на повеќе од милијарда компјутери, поседува голема ранливост која може да му дозволи секому да го искористи и превземе компјутерот.

Оваа огромна слабост е откриена во документите кои протекоа после сајбер нападот на Hacking Team – шпионска група која ја поддржува Владата на Велика Британија и која ја користела за да влегува во туѓи компјутери.

Моментално не постои решение за овој проблем, иако Adobe изјави дека работи на тоа, па така, најдобар начин за да се осигурате дека вашиот компјутер е безбеден е да ја избришете оваа програма.

– Успешното искористување на оваа слабост може да му дозволи на хакерот во целост да превеземе нечиј систем“, стои во соопштението на компанијата Adobe.Одредени експерти ја тестирале оваа ранливост и покажале дека е возможно истата да се искористи за да се упадне во нечиј компјутер и да се стартуваат програми.

Исто така, хакерите можат да им пристапат на сите податоци на него и да ги злоупотребат. Оваа сериозна маана се наоѓа во внатрешноста на кодот кој напаѓачите можат да го искористат за да читаат и впишуваат податоци на компјутерот. Кога ќе го направат тоа, тогаш можат да му испратат инструкции на компјутерот, кој потоа ќе ги спроведе во дело. Овој проблем е присутен на Windows, Mac и Linux компјутери.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ