Технологија

ФЕЈСБУК НЕ РАБОТИ: По наредба на Марк Зукерберг, Фејсбук инсталира нова енкрипција на системите на комуникација

Од осум часот утринава, по локално време, најголемата социјална мрежа во светот Фејсбук се соочува со потешкотии а сервисите кои ги нуди не функционираат со полн капацитет. Ова според „Њујорк Тајмс“ е благодарение на новиот систем кој по наредба на Марк Зукерберг се имплементира во мрежата

Според информациите на „Њујорк Тајмс“ Фејсбук имплементира т.н. „енд-то-енд“ енкрипција на своите системи за комуникација како „Фејсбук Месинџер“, „Инстаграм Директ Чат“. Ова според весникот е план основачот на Фејсубк Марк Зукерберг со цел спојување на сите овие апликации во една, односно имплементација на енкрипција со која сите три платфоми за комуникација ќе можат да комуницираат меѓусебе со зголемено ниво на безбедност.

Оваа имплементација е под директна контрола на Зукербер, пренесува „Њујорк Тајмс“, кој наредил на вработените во компанијата да ја преработат инфраструктурата на овие три апликации за комуникација во еден, унифициран сервис со кој ќе им се овозможи на корисниците на Фејсбук да комуницираат полесно и обезбедно.

„Енд-то-енд“ енкрипцијата ќе значи зголемено ниво на безбедност за корисниците, односно, Фејсбук повеќе нема да има можност да ги проверува и да има пристап до приватните пораки на корисниците, бидејќи истите нема да се одвиваат преку сервер кој досега беше „среден човек“, туку комуникацијата ќе се одвива дирекнто од еден апарат (корисник) до друг, со што пораките нема да остануваат на серверите на Фејсбук.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top