Прилеп ја одбројува последната недела до почетокот на 13-ттото издание на најголемата и најмасовна манифестација во земјава – Фестивалот на пивото и скарата ,,Пивофест,,.
На денешната прес-конференција градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставниците од пиварите кои се составен дел од фестивалот, ги објаснија сите детали околу организацијата на ,,Пивофестот,, и ги поканија гостите на добра забава.
Ристески го потенцира дружењето меѓу домаќините и очекуваните над 350.000 гости, економскиот бенефит на градот и регионот, а вети максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените 4 дена ќе бидат гости во Прилеп, а на кои на располагање им се околу 20.000 паркинг места:
И на овој Пивофест ќе имаме многу испиено пиво, многу изедена скара и одлична забава. Пивофестот не е само обичен фестивал туку голема туристичка атрација на градот и на Република Македонија. Очекуваме од 350.000 до 400.000 гости колку што стандардно го посетуваат фестивалот. На Пивофест има 3 во едно, а тоа се: преку 40 видови пиво, квалитетната скара и добрата забава во текот на сите 4 дена.
Како и минатата година така и оваа, сите кои сакаат да патуваат со воз ќе можат да го посетат Пивофест 2015 во Прилеп бесплатно со возовите на Македонски Железници. Фестивалот на пивото ќе се одржи од 16-ти до 19-ти јули.