All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Флора Талин “прегазена” на “Филип Втори” за шест минути

Работнички вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје го одигра реванш натпреварот од првото квалификациско коло за Лига Европа.

Почетна иницијатива уште од самиот старт на „романтичарите“ и притисок на половината на противникот. Илијоски уште во четвртата минута се закани со удар кој заврши покрај голот на Тоом.

Работнички започна исто како и што вети. Агресивно и со висок пресинг, но иако ги имаше играта и шансите, мрежата на Флора Талин мируваше по првите 45 минути. Баже Илијоски ја имаше првата шанса уште во четвртата минута, но биеше откосо од тешка позиција далеку покрај голот.

Штефан Вујчиќ во 26-тата минута упати силен шут од дваесетина метри, но беше неприцизен и биеше покрај десниот дирек. Флора можеше да дојде до гол иако речиси и да не го мина центарот по еден лош дегажман на голманот Даниел Божиновски, но за среќа тука беа Кире Ристевски и Милан Илиевски да ја спасат ситуацијата и да го изблокирааат ударот на Никита Баранов.

Второто полувреме започна со гол. Чума Анене конечно го скрши отпорот на гостите со погодок во 48-та минута, откако одлично се снајде во шеснаесетникот на Флора. Радоста ги мотивираше „романтичарите” кои веднаш стиснаа по само шест минути веќе дојдоа до потребните 2-0 за пласман во следната фаза. Сахити центрираше од десно, топката ја допре Илијоски и се одби до осамениот Алтипармаковски, кој реализираше од само неколку метри во празната мрежа.

Во второто квалификациско коло Работнички ќе се сретне со летонскиот тим Јелгава, кој денеска го елиминираше бугарскиот тим Литекс.

ВРВОТ