Технологија

ПРЕКРАСНО!!! FACEBOOK воведува нова опција која никого не го остава рамнодушен!

Од денес, опцијата која автоматски ќе ги прилагоди светлината, сенките и острината на фотографијата, е достапна за сите iOS корисници, додека наскоро оваа можност ќе ја добијат и корисниците на Android апликацијата.

Голем број на луѓе, фотографии на Фејсбук објавуваат преку мобилната апликација. Поради таа причина, најпопуларната социјална мрежа на светот одлучила во својата апликација за паметни телефони да додаде опција за автоматско подобрување на фотографијата, пред корисникот да ја објави на својот профил.

Од денес, опцијата која автоматски ќе ги прилагоди светлината, сенките и острината на фотографијата, е достапна за сите iOS корисници. Можете и сами да го прилагодувате нивото на подобрување, или во целост да го исклучите, доколку не ви се допаѓа финалниот изглед на фотографијата која сакате да ја објавите на Фејсбук.

Целата приказна звучи познато, затоа што таа можност Google ја стави во Google + уште минатата година. Автоматското подобрување на фотографии на Фејсбук ќе биде достапно и за корисниците на Android, но се уште не е познато кога точно, а неизвесно е дали и корисниците на Windows телефоните ќе имаат прилика да ја испробаат новата опција.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ