Фудбал

Интер го испраќа Видиќ на „Енфилд“

Доколку им се верува на италијанските медиуми можно е долгогодишниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ да се пресели во редовите на најголемиот ривал на „црвените ѓаволи“, екипата на Ливерпул.

Немања Видиќ ова лето премина од Манчестер Јунајтед во Интер како слободен играч. Поранешниот капитен на Јунајтед беше стандарден првотимец додека тренер на „нераѕурите“ беше Валтер Мацари, но откако пристигна Роберто Манчини во клубот, Видиќ не одигра ниту една минута.

Манчини во јануарскиот преоден рок побара од челниците на Интер да му доведат неколку играчи, а на тој список бил и фудбалерот на Ливерпул, Лукас Леива. Меѓутоа, кога спортскиот менаџмент на италијанскиот тим контактирал со Ливерпул, тие како дел од трансферот побарале да биде вклучен Немања Видиќ. Останува да видиме дали поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед ќе се согласи да премине во Ливерпул и дали ќе ги изневери навивачите на „црвените ѓаволи“.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top