Фудбал

Салах си оди, Ливерпул ја нашле замената

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул Мохамед Салах во летниот преоден рок би можел да го напушти „Енфилд“. Англиските медиуми тврдат дека неговата замена ќе биде младата ѕвезда на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо.

Салах има желба да игра на олимписките игри во Токио и веќе го известил менаџерот Јирген Клоп за своите планови ова лето.

Поради тоа што ќе настапи на ОИ Салах ќе го пропушти стартот на сезоната и не само тоа тој нема да ги мине подготовките со клубот.

Медиумите шпекулираат дека оваа негова одлука ги отвора можностите тој да биде продаден. Наводно Реал и Барселона сакаат да го видат Египќанецот во своите редови.

Доколку се случи ова сценарио Ливерпул имале подготвено 120 милиони евра за да го донесат еден од најталентираните светски напаѓачи во своите редови. Проблем ќе им биде конкуренцијата, уште неколку клубови го сакаат Санчо во своите редови, а најмногу од сите Челси и Манчестер Јунајтед.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ