All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Лионел Меси “тежи” 87 милиони евра повеќе од Кристијано Роналдо

Во своите анализи CIES покрај ефектот на теренот ги зема и годините на фудбалерот, преостанатите години во договорот и меѓународното искуство.

Вредноста на Меси од 220 милиони евра е за четири милиони евра повисока од минатата година. Втор на листата е Кристиано Роналдо, неговата вредност е 133 милиони евра, или вредноста му пораснала за 19 милиони евра во однос на минатата година. Трет е играчот на Челзи, Еден Азар кој „тежи“ 99 милиони евра, зад него е неговиот клупски колега Диего Коста (84 млн евра), а Топ 5 завршува со Пол Погба од Јувентус, чија вредност изнесува 72 милиони евра.

Листата на најскапи фудбалери:

1. Лионел Меси (Аргентина/Барселона) – 220 милиони евра

2. Кристиано Роналдо (Португалија/Реал) – 133

3. Еден Азар (Белгија/Челзи) – 99

4. Диего Коста (Шпанија/Челзи) – 84

5. Пол Погба (Франција/Јувентус) – 72

6. Серхио Агуеро (Аргентина/Ман.Сити) – 65

7. Рахим Стерлинг (Англија/Ливерпул) – 63

8. Цеск Фабрегас (Шпанија/Челзи) – 62

9. Алексис Санчез (Чиле/Арсенал) – 61

10. Герет Бејл (Велс/Реал) – 60.

ВРВОТ