Државната изборна комисија објави на својата страна дека излезноста на избирачките места до 11 часот е 15,39 проценти. Досега своето право на глас го оствариле 279,152 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 3,147 избирачки места.