Вести

ИНЦИДЕНТ ВО БУТЕЛ: Гласањето е прекинато

Мал инцидент се случил денес на избирачкото место во Бутел, дознава 24 инфо. Според овој медиум, гласач во избирачкото место број 2909 во ОУ „Живко Брајковски“ го фотографирал гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато.

Гласачот е уапсен. На сликаното гласачко ливче заокружен беше кандидатот на ДУИ.

Според Кривичниот законик, казната за вакви и слични дела поврзани со изборниот процес е затвор до три години.

To Top