Вести

Според заклучокот недостасуваат 2.013 гласачки ливчиња во ДИК

Како што објави Денешен.мк, според штотуку објавениот „Заклучок за објавување на резултатите од гласањето на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, врз основа на податоци од записниците на општинските изборни комисии“ од страна ДИК, по завршување на изборите, пренесува Денешен, стои следното:

„1. Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените податоци од записниците од општинските избори комисии, избирачките одбори и целокупниот останат изборен материјал, утврди дека:

-Вкупен број на избирачи запишани во Избиркиот список изнесува 1 814 236

-Вкупен број на избирачи кои гласале – 942 334

-Вкупен број на неупотребени гласачки ливчиња – 869 889

-Вкупен број на важечки гласачки ливчиња – 910 868

-Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња – 31 466“

Но, кога од 1 814 236 гласачи со право на глас, ќе се одземат 942 334 лица кои гласале, се добива бројката од 871 902 лица кои не се гласале, што значи дека толку треба да биде бројот и на неупотребени гласачки ливчиња. Но, според овој Заклучок на ДИК, бројот на неупотребени глсачки ливчиња изнесува 869 889 што значи недостигаат 2 013 ливчиња. Каде се, прашува Денешен?

Заклучокот може да го пронајдете и на следнава локација: https://drive.google.com/file/d/1qV3JNn2pIZKaqd9UUSPGAh9qcWiLaww9/view

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top