Вести

Груби за збогум му подари кече на Жбогар

Евроамбасадорот во заминување Самуел Жбогар на подарок доби кече од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби. Фотографиите со подарокот за Жбогар беа објавени од средбата која се одржала денеска.

Од кабинетот на Груби велат дека тојму посакал на Жбогар успех во понатамошната кариера и му порачал дека вратата во нашата земја му е отворена.

Груби и Жбогар разговарале за реформите, Охридскиот рамковен договор и бескомпромисната борба против корупцијата.

ИЗВОР: КУРИР

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ