Балкан / Регион

Нови детали за егзигуцијата на Крф: Грчката полиција има снимка од напаѓачот

Грчката полиција откри нови детали за егзекуцијата на двајцата членови на “шкаљарски клан”, Дамир Хаџиќ и Алан Козар, кои беа застрелани во јули на Крф.

Според еден од локалните полициски службеници, откриено е дека дури осум лица по кои се трага учествувале во двојното убиство на Крф, како и дека има видео на кое се гледаат лицата на извршителите.

Ние сме во постојан контакт со српската полиција, со цел што побрзо да ги идентификуваме осомничените – изјави полицискиот службеник.

Според извештајот на грчката полиција, постои сомневање дека напаѓачите дошле во Грција 10 дена пред убиството на Хаџиќ и Козар и дека со два скутери се возеле кон Крф, кои по егзекуцијата биле пронајдени на плажата.

To Top