Свет

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО ПРАВОСУДСТВОТО: Уапсен е судија

На Срѓан Јездимир мистериозно му беше намалена затворската казна од 17 на 10 години затвор и излезе од затвор по само четири години.

Судството на Еквадор го тресе голем скандал, поради српскиот нарко бос! Според порталот Хисторијас, полицијата пред два дена го уапси судијата Кристијан Рохо Игуала под сомнение дека незаконски му ја намалил затворската казна на Србинот Срѓан Јездимир и го отпуштил по издржување четири години.

Акција „Оро бланко“

Јездимир беше уапсен на 9 септември 2014 година во Еквадор за трговија со дрога. Беше врзан со лисици во полициската акција „Оро Бланко“, во која беа запленети 153 килограми кокаин.

Србинот, како водач на меѓународна нарко банда што продаваше кокаин на европскиот пазар, беше осуден на 17 години и четири месеци затвор.

Сепак, благодарение на судијата Кристијан Рохо Игуала, тој помина само четири години во затвор, па затоа беше ослободен во јули – пренесуваат медиумите од Еквадор.

За време на судењето во Јужна Америка, Jeздимир истакна дека никогаш не бил гонет во Србија и дека таму нема никакво криминално минато. Тој рече дека е успешен спортист во Србија и дека дошол во Еквадор преку компанијата на неговиот татко за да започне бизнис.

Тој исто така достави доказ дека неговата мајка била во Еквадор во 2013 година, наводно да купи фарма, но дека се откажала кога видела „премногу вооружени луѓе“ – пишуваат медиумите.

Според нив, судијата најпрво неуставно ја намали казната на Јездимир од 17 години и четири месеци на 10 години затвор, а потоа го ослободи дури и пред да ја издржи таа намалена казна.

Судијата го примени непостоечкиот принцип на добронамерност кон осудениот и најпрво мистериозно му ја намали казната, а потоа го ослободи. Се сомнева дека уапсениот судија му ја направил оваа услуга на Србинот за одредена парична компензација – наведуваат изворите на локалните медиуми.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ