Технологија

Нов фејсбук вирус се шири меѓу Македонските корисници

Скоро две недели на Фејсбук се шири вирус меѓу Македонските корисници. Вирусот е застапен во две варијанти и автоматски ви пристигнува во инбокс, без да знае испраќачот на истиот.


Во првиот случај,  на видеото ја има вашата профилна фотографија,  пишува дека е наменето приватно видео за вас направено од некого од листата на вашите пријатели.Второто е – добивате порака од пријател во која ви вели да го видите неговото видео – а на линкот од видеото има негова фотографија.

Ова внесе забуна кај корисниците и мислејќи дека навистина е видео од пријателите кликнале и го заразиле и својот профил, па пораката со вирус брзо се рашири низ македонските корисници на Фејсбук.

Се надеваме дека Тимот за безбедност за брзо ќе успее да го спречи овој вирус, кој може да се третира и како SPAM вирусот е секогаш со иста URL адреса hidemyass.com , но разликата е од кој сервер на овој сервис е испратено односно напред пред URL адресата има бројка, 5.hidemyass.com.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ