Србија е завиена во болка, откако двајцата најверни другари Милош Бешевиќ (18) и Борјан Јовановиќ (18) пред два дена се удавија во Дунав.
Младите момчиња во своето вечно живеалиште биле испратени од повеќе од 100 луѓе. – Милоше не оди, врати ми се, ќе дојдам и јас со тебе, извикувало низ солзи семејството на едно од удавените момчиња, пренесува српскиот Курир. Брзата помош интервенирала, кога на мајката на Милош и се сложило, скршена од болка и тага.
Ми отиде ќерката, сега и синот, извикувала мајката на другото момче, која пред неколку години си ја загубила и ќерката во страотна сообраќајка. Како што пренесуваат српските медиуми во несреќата била спасена 19-годишна девојка која исто така се давела. Станува збор за Сандра Јовановиќ која им била нивна најдобра другарка.