Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп, загина едно лице

Вчера попладне во Прилеп на земјениот пат с.Сливје-с.Рилево кај местото викано „Црници“ се случила сообраќајна незгода во која загинал Петре С. (63) од Драчево, скопско.


Имено Петре С. кој се возел со трактор (односно на тракторска приколка) управуван од Г.С. (43) од с.Сливје, при транспорт на житни производи натоварени во приколката, во еден момент паднал од приколката по што бил прегазен. Петре С. на пат кон болницата во Прилеп им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ