Во рамките на 6-тото коло од ПЛЕЈ ОФ МАШКАТА РАКОМЕТНА СУПЕР ЛИГА, во градот под марковите кули се сретнаа екипите на Прилеп и Вардар. Тимот на РК Прилеп се држеше цврсто со европскиот великан во првото полувреме, каде на крајот концентрацијата попушти и екипата на Вардар поведе убедливо.
После одигрувањето на натпреварот од плејофот помеѓу РК Прилеп и РК Вардар, ракометарите на гостинот од Скопје не ги криеја емоциите и ја поздравија публиката која одлично ги пречека. “Навиваа во текот на целиот натпревар за својот миленик РК Прилеп и во ваква атмосфера публиката дава полет и лесно е да се игра” – беа дел од изјавите на Вардаровите ѕвезди.
Белег на натпреварот остави и паролата на навивачката група “Мајмуни” со која тие им оддадоа почит на загинатите бранители на 9ти овој месец.