Два автобуси од навивачката група “Мајмуни” утрово се упатија кон Скадар, Албанија, да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, на натпреварот од првотото коло од квалификациите за Светското првенство, што ќе се одржи 2018 година во Русија.
Навивачите на прилепска Победа со полни срца, патриотски дух и жар, веруваат во позитивен резултат и ветуваат пеколна атмосфера на стадионот во Скадар.
Предмалку во Скадар пристигнаа навивачите на прилепска победа “Мајмуни”, исто така со нив пристигнаа и членови на навивачката група “Кумани”. Во Скадар присуствуваат околу 100 “Мајмуни” и 20тина членови на “Кумани”.