Македонија

Поим за хуманост – НК “Мајмуни” – Прилеп

Во четвртокот во просториите на градската библиотека “Борка Талески” во домот на културата “Марко Цепенков” се одржа крводарителска акција организирана од НК Мајмуни Прилеп.

Акцијата се одржа според предвидениот план а на неа присуствуваа оргомен број на навивачи од подгрупите Ред Рид Бригада, Гето , Јужен Санаториум , Екипа 420 и Вишне Кру, но и граѓани на град Прилеп кои ја покажаа својата хуманост на дело.

Крводарителската акција е во чест на 30 годишното постоење на НК “Мајмуни” – Прилеп и НК Маркови Внуци – Прилеп и во иднина повторно ќе бидат организирани вакви и слични акции. Но на целата таа ситуација најмногу воодушевени беа докторите кои што беа од Скопје, и истакнаа дека присуствувале на многу крводарителски акции организирани од страна на навивачки групи во Македонија, но дефинитивно најхумани се покажаа НК “Мајмуни”.

ПОМОГНИ ЗА ДА ТИ ПОМОГНАТ.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ